Новиот извршен директор на OpenAI – Мира Мурати
Мира Мурати, 34-годишна Албанка со извонредно познавање на вештачката интелигенција го презеде OpenAI!
Во технолошкиот свет одекна веста дека Сем Алтман е сменет од позицијата извршен директор на OpenAI и дека на негово место дојде Мира Мурати, која работи во компанијата од 2018 година и е позната по своите извонредни придонес во развојот на вештачката интелигенција.
Родена е во на 16 декември 1988 година во Валона, Албанија, а на 16-годишна возраст ја напуштила земјата бидејќи добила стипендија да студира во меѓународно училиште во Ванкувер, а заминала во Дартмут, каде студирала машинско инженерство. Дипломирала во 2007 година.
Мурати посетувала и настава на колеџот Колби во Вотервил, како добитник на стипендијата Дејвис-УВЦ, каде што дипломирала во 2012 година.
Мурати на почетокот на кариерата работела како практикант во „Голдман Сакс“, а потоа се преселила во „Зодијак аероспејс“.
Покрај талентот за технолошката индустрија, Мира Мурати во претходните интервјуа за некои светски медиуми ја истакнува својата уметничка страна, како и дека инспирацијата ја црпи од поезијата и научно-фантастичните филмови.
Обожавател е на Дуино Елегии, збирка песни на Рајнер Марија Рилке, а дури и сега, научно-фантастичниот филм „2001: Одисеја во вселената“ „продолжува да ја буди мојата имагинација со своите слики и музика“, изјавила таа еднаш за „Тајм“.
Деловната стратегија на Мира Мурати за OpenAI
Мира Мурати се приклучува на компанијата како инженер, а со текот на времето напредува на позицијата главен директор за технологија на компанијата „OpenAI“, на која е назначена во 2022 година.
На позицијата извршен директор на OpenAI доаѓа во трката која била неизвесна, како што наведува „Бизнис инсајдер“. Мурати била избрана од компанијата бидејќи „таа носи уникатен сет на вештини, разбирање за вредностите, оперативно и деловното работење на компанијата и веќе ги води истражувањата на компанијата, функциите на производите и безбедност“.
„Со оглед на нејзиниот долг мандат и блиска вклученост во сите аспекти на компанијата, вклучително и нејзиното искуство во управувањето со вештачката интелигенција, одборот верува дека таа е уникатно квалификувана за улогата и очекува беспрекорна транзиција додека спроведува формална потрага по постојан извршен директор, “ велат од компанијата „Open AI“ и се очекува да продолжи да ги поместува границите на бизнисот.
Мира Мурати има амбициозни планови не само за развој на вештачката интелигенција како таква, туку и за развој на таканаречената општа вештачка интелигенција или АGI, а тоа би можело да биде „најважниот сет на технологии што човештвото некогаш ги изградило“ додавава таа.
Мира Мурати се изјаснува дека ги разбира стравовите околу потенцијалната закана и негативните страни на вештачката интелигенција, имено злоупотреба од страна на „лошите актери“ кои ја користат и додава:
– Важно е OpenAI и компаниите како нашата да го изнесат во јавноста на начин кој е контролиран и одговорен“.
(извор: Blic Biznis, Bussiness Insider, Bussiness Today)