Струга, да ни бидеш вечна!

Утро! 8 Ноември 1944 година, Митровден, навидум обичен есенски, но за Стружани светол ден.

Ден кога во градот одекнала веста за ослободувањето од германскиот окупатор. Борба се водела на сите страни, згаснале и многу млади животи, но народот го дочека овој светол ден. Борбите за ослободувањето на Струга се опишуваат како тешки и крвави, но желбата за слобода била многу голема, а храброста на војниците достојна за почит.

Граду наш!

Ти си денес град што блика со својата светлост и убавина, град на нашата колевка, град на нашата младост, град и на нашата старост! Ти си најубавиот град на две води, на мостовите и поезијата. Град со мултиетничка и мултикултурна вредност!

Нека ни е честит 8 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Струга!

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*