Двата островите Голем и Мал Диомид се оддалечени околу 5 километри, интересно е што поголемиот остров е речиси еден ден пред својот помал сосед (21 час), бидејќи тие се наоѓаат на двете страни од Меѓународната линија за датум што минува низ Тихиот Океан и ја означува границата помеѓу еден календарски ден и следниот. Голем Диомид (Big Diomede) или Ратмановов Остров се наоѓа на руската страна. Мал Диомид (Little Diomede) или „Вчерашниот остров“ порано познат како Крузенштернов Остров припаѓа на Алјаска, САД. Овој остров е помал од двата Диомидови Острови сместен во централниот дел на Беринговиот Проток помеѓу брегот на Алјаска и Сибир.
Ледениот мост што се формира меѓу двата острова во зима овозможува, иако нелегален, да се пешачи на кратко растојание меѓу нив и да се „патува низ времето“.