Како влијае Месечината врз човекот?

За време на полната месечина, многу луѓе не можат да заспијат, имаат кошмари и се будат од нив среде ноќ, продолжуваат да се превртуваат во креветот или не заспиваат по будењето. Дали е ова вистинско влијание на Месечината или само колективен мит?

Месечината ги движи океаните

Дека Месечината има навистина силно влијание на нашата планета сведочи и нивото на морето, чии плими ги одредува Месечината. Ако ја поместува масата на вода, можно е да придвижи и нешто во нашето тело кое е изградено од вода 72% .

Во видеото е прикажана реална симулација за влијанието на Месечината врз океанот со 3Д ефекти и компјутерско 24 часовно рендерирање.

извор:Daily Mail Australia 

 

Од античките времиња, периодот на полна месечина е поврзан со магија и вештерство.

Многу научници во минатото не можеле да објаснат како и со што Месечината, односно Месечината и Сонцето привлекуваат вода. Тие верувале дека Месечината и Сонцето ги загреваат морињата и дека тоа е причината за издигнувањето на водата. Целиот проблем почнал да се разјаснува дури по Њутновата теорија за општа гравитација, кога била формулирана статичката теорија на плима и осека. 

Полната месечина се доживува како природен феномен и општо е познато дека почувствителните луѓе, особено жените, можат да бидат поподложни на нејзиното влијание. На крајот на краиштата, женскиот циклус исто така целосно одговара на лунарниот циклус, односно приближно дваесет и осум дена и е исто толку променлив како и сите фази на Месечината.

Како влијае полната месечина?

Општо е познато дека полната месечина буди тага и меланхолија кај луѓето, нивните темни страни, тие се повеќе склони кон самоубиство или насилство, немоќни се во контролата на своите емоции, уште повеќе се подложни на ефектите од алкохол, дрога и супстанци кои создаваат зависност. Во поголема мера може да се случат и ненадејни смртни случаи или сообраќајни несреќи. Луѓето се раздразливи, лошо спијат, почесто страдаат од главоболки или имаат циклични напади на мигрена. Жените имаат поизразен предменструален синдром или започнувањето на менструацијата е забрзано, се појавуваат отоци и склоност кон прејадување и дебелеење.

Нарушување на сонот

Врз основа на студиите за спиење, откриено е дека полната месечина има негативен ефект врз сонот на една личност, дури и без влијанието на директната месечева светлина што сјае во прозорците. Ова јасно потврдува дека Месечината влијае на сонот, дури и ако човек не ја гледа или нема однапред никакви информации дека ќе биде полна. Неколку студии веќе го потврдиле овој феномен. Според нивните автори, во деновите околу полната месечина, луѓето заспиваат полошо, нивниот сон е полош квалитет и трае пократко. Некои неодамнешни хипотези функционираат со можноста дека несоницата е последица на влијанието на Месечината врз електромагнетното поле на Земјата.

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*