Денес во Скопје се одржа Трет Социо-еколошки форум. На форумот се дебатираше и дискутираше за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европска унија.
На средбата учествуваат пратеници, експерти, градоначалници.Се разменуваат идеи за тоа како подобро да се развиваат општините, во интерес на граѓаните. Исто така се разговара за социјалната правда, во контекст на климатските промени.
Рене Шлее, директор на ФЕС Дијалог Југоисточна Европа, рече дека се тука за да се видат кои се проблемите на регионот.
Каја Шукова,министерката за животна средина и просторно планирање, ја нагласи важноста на ваквите форуми и ја потенцира важноста на животната средина, особено на климатските промени врз социо-економскиот развој на една држава.
Лена Бакелин, член на шведскиот Парламент, исто така изрази задоволство што е дел од форумот и нагласи дека се тука да се инспирираат едни со други, да учат едни од други.
Заменик градоначалникот на Малме,Седат Ариф кој е роден во Скопје, нагласи дека има многу значајни прашања на кои треба да се разговара и посочи дека ќе ги сподели шведските искуства.
Третиот Социо-еколошки форум со дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европска унија, е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Улоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.