„Само кога се смеам“: Потресна филмска приказна за врските и семејното насилство
Филмот „Само кога се смеам“ е убедлив приказ на семејните односи, психологијата и генезата на насилството со неговите последици, критичка и реална слика за улогата и положбата на жената во контурите на патријархалното општество или едноставно шокантна приказна за последиците од насилството кои сè уште ги земаме здраво за готово. Се оцртуваат насилството и неуспехот да се спречи, се критикува правосудниот систем, всушност станува збор за филм чија приказна може да биде преземена од медиумски написи за семејното насилство, бидејќи приказната е наша реалност.
Авторката на филмот, Вања Јураниќ, за да создаде ваков потресен и од многу аспекти значаен филм, во голема мера посегнала по приказна која многумина ја паметат-Ана Магаш. Секако, овде се сменети вистинските имиња и одредени детали, некои ситуации се преземени од други, исто толку болни сведоштва на злоупотребени жени, но за жал стигматизирани во ова гнило општество.
Заплетот на филмот ја раскажува приказната за дваесет и осумгодишната Тина (Лазовиќ), која води навидум идиличен живот со нејзиниот сопруг Фран (Собин). Откако останала бремена додека студирала психологија, Тина ги прекинува студиите и деновите ги поминува како домаќинка. Со сопруг кој работи добро и заработува доволно, не мора ни да се вработи. Тина сепак одлучува да ја следи својата поранешна, очигледно никогаш неизгасната желба-факултетот, иако наидува на неодобрување на нејзиниот сопруг и на оние околу неа. Првично неговите реакции укажуваат на одредено несогласување со таквата ситуација, што подоцна се покажува како точно, бидејќи ситуацијата дополнително се усложнува со ситни кавги, а потоа и насилство.
Исто така, мајката на Фран е добар пример за местото на жената во кујната, бидејќи таа готви, подготвува и послужува други и не ја напушта кујната. Покрај семејството на Фран, пријателите на Тина, кои живеат празен семеен живот, кафето и дружењето им служат како единствен издувен вентил каде имаат воспоставено шема – коментирање на другите, типично жалење и општо незадоволство спакувано во безидејност, кич и општа постбрачна пасивизација на животот.
Филмот „Само кога се смем“ е во режија на Вања Јураниќ, а главните улоги ги толкуваат: Тихана Лазовиќ (Тина) и Славко Собин (Фране) ја имаше светска премиера на овогодинешниот 70. Филмски фестивал во Пула и е награден со Cinema Network Award – награда која се доделува за прв пат овозможува филмот да биде пошироко дистрибуиран.Филмот на режисерката Јураниќ е награден поради исклучително важната тема што ја обработува – семејното насилство.