Старинска торта со ореви

 ЗА ПАНДИШПАН

– 8 јајца

– 200 г шеќер

– 100 г брашно

– 150 г мелени ореви

– 2 лажици лебни трошки ЗА ФИЛ

– 200 мл млеко

– 200 г мелени ореви

– 30 г нишесте

– 20 мл рум

– 250 г путер

– 200 г шеќер во прав

ЗА УКРАСУВАЊЕ – 100 г сечкани ореви – 100 г чоколадни трошки

Потребно време за подготовка на овој десерт е 90 тина минути.

Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење кршиме 6 јајца. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа ги додаваме мелените ореви и брашното, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26, наросен со лебните трошки. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 45 минути на 190 степени и го вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 2/3 од млекото. Преостанатите 2 јајца ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Во садот со жолчките ги додаваме нишестето и преостанатото млеко, и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ги додаваме размешаните жолчки во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган и оставаме кремот да се излади. Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме румот и мелените ореви, и уште еднаш матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од калапот и го сечеме на половина. Првата кора пандишпан ја ставаме на чинија за торта и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората кора пандишпан и целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил. Страничниот дел , како и половина од горната површина на тортата ги наросуваме со сечкани ореви. Помеѓу оревите на горната површина на тортата наросуваме со чоколадни

извор:Храна и вино

 

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*