Тренч мантил – за луѓе со стил

Тренч мантил е меѓу најдобрите парчиња од гардероба во кои вреди да се вложи, бидејќи може да се носи од утро до вечер, особено сезона есен/пролет без разлика на пригода. 

Историски гледано, оригинална верзија за тренч мантил (палто, капут) всушност е наменета за офицерите на британската армија пред Првата светска војна и станува популарнo додека се користело во рововите додека војувале. Првично e направено од габардин, волнена водоотпорна ткаенина и традиционалната боја на капутот била каки. Капутите се со прегради со 10 предни копчиња, широки ревери, преклоп и џебови кои се затвораат со копчиња. Врзано до половината со појас, со ракави кои завршуваат со ленти за манжетни околу зглобовите за да се спречи водата да тече по подлактицата кога користеле двоглед на дождливо време. Палтото често има еполети кои се затвораат со копчиња.

За време на Првата и Втората светска војна, дизајнот на капутот бил изменуван со прикачување на еполети или други ознаки за рангирање; д-прстенот првично се користел за прикачување на кутии со карти, мечеви или друга опреми на појасот, како и рачни гранати. Покасно особено Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз и други армии во Европа како Белгија, Франција, Германија, Грција, Холандија, Полска на теренот станувале попопуларни пократките „теренски јакни“. Овој дизајн бил пократок, но и попрактичен во ровот и како таков му дозволувале на оној што ја носи да биде поподвижен.

Подоцна, тренч мантилот е популаризиран од страна на филмските ѕвезди како Хемфри Богарт во филмот „ Казабланка ” и Питер Селерс Клузо во филмовите за „ Пинк Пантер “. Мантилот стана главен моден производ, достапен во многу бои, особено  преку брендот како што е Бурбери. 

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*