Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36), кој во моментов игра за американскиот фудбалски клуб Интер Мајами, по 8. пат во својата кариера го освои најголемото индивидуално признание во фудбалот „Златна топка“, кое му се доделува на најдобриот фудбалер во светот во избор на француското списание „Франс фудбал“.Синоќа во Париз се одржа свечена церемонија на доделувањето на 67. „Златна топка“, а Меси е избран за најдобар фудбалер во светот, пред Ерлинг Халанд, кој настапува во Манчестер Сити, и пред Килијан Мбапе, кој ги брани боите на Париз Сен Жермен.На листата на номинирани фудбалери за наградата „Златна топка“ се најдоа вкупно 30 играчи.
Португалецот Кристијано Роналдо кој е втор на вечната листа добитници на „златната топка“, со пет признанија, не беше меѓу номинираните.
Златна топка“ е поединечна годишна фудбалска награда што ја доделува француското списание „Франс фудбал“ (Балон д’Ор). Оваа награда се доделува од 1956 година, иако од 2010 до 2015 година, по договорот со ФИФА, беше споена со наградата на ФИФА за играч на годината. Меѓутоа, партнерството заврши во 2016 година, по што наградата премина на Балон д’Ор, а ФИФА се врати на својата посебна годишна награда.