Ја знаете ли приказната за сиромавиот Латиф?

Латиф бил сиромашниот човек,кој просел за парче леб, спиел во ходникот на една стара куќа. Латиф важел за најмудриот човек во градот. Поданиците му раскажале на царот за мудроста на Латив и царот решил да го посети. Едно утро царот се појавил на пазарот, полека му пријдол на просјакот и му рекол:

-Ако одговориш на едно прашање, ќе ти го дадам овој златник.
Кралот му поставил прашање за кое тој со денови се мачел да го пронајде одговорот ,но никако не можел да стигне до него.
Латиф одговорil точно, а кралот се изненадил и ја оставил паричката пред нозетете на просјакот.
Следниот ден кралот се вратил и му поставил уште едно прашање, а Латиф повторно одговорил брзо и мудро.

-Латиф, ми требаш – рекол кралот.

-Те молам, дојди во палатата и биди ми советник. Ти ветувам дека нема ништо да ти недостига во животот!

Лафит го прифатил предлогот на кралот. Во текот на следните неколку недели, прашањата на кралот станале вообичаени,а советите од Латив биле секогаш мудри,креативни и добронамерни. Очигледно, тоа предизвикало љубомора кај дворјаните.
Едно утро, другите советници побарале прием кај царот и му рекле:

-Твојот пријател Латиф прави заговор против Вас!

-Не е можно, не верувам во тоа – рекол кралот.

-Можете да го потврдите тоа со свои очи – му рекле советниците.
Кралот бил разочаран и повреден. Посакал тоа сам да го види. Тоа попладне, во пет часот, чекал скриен во аголот на скалите на старата куќа. Оттаму видел дека Латиф навистина доаѓа, погледнал лево-десно и ја отворил дрвената врата и тивко се вовлекол во собата.

-Дали виде? – извикале дворјаните.
Во нивна придружба, кралот тропнал на вратата.

Кој е? – прашал Латиф внатре.

-Кралот, отвори!
Латиф ја отворил вратата. Бил сам во празна соба. Без прозорци, без тајни врати, без мебел за да се скрие некого или нешто. Имал само една чинија на подот, стап за одење во едниот агол и искинато палто кое висело на куката што висела на таванот во средината на собата.

Дали правиш заговор против мене, Латифе?

Како можете да помислите такво нешто, Ваше Височество? Зошто би го направил тоа?

-Па, секое попладне доаѓаш овде тајно.Што бараш, зошто се криеш?
Латиф се насмевнал и тргнал кон искинатиот капут што висел на таванот. Со утешен глас му рекол на царот:

Пред шест месеци, кога пристигнав во замокот, го имав само ова палто, оваа чинија и овој дрвен стап. Сега се чувствувам толку удобно во облеката што ја носам, креветот во кој спијам е толку удобен, почитта што ми ја давате е толку ласкава и моќта што ми ја дава моето место до тебе е толку фасцинантна…
И да, секој ден доаѓам овде за да се уверам и потсетам на важното.
Никогаш да не заборавам кој сум и од каде доаѓам.

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*