ФРАНЦ КАФКА (1883-1924), кој никогаш не се оженил и немал деца, шетал во парк во Берлин, кога сретнал девојче кое плачело затоа што ја изгубила својата омилена кукла. Таа и Кафка неуспешно го пребарале паркот за да видат дали ќе ја најдат куклата. Тогаш Кафка и кажал дека утре повторно ќе дојде и дека пак заедно ќе ја бараат куклата.
Следниот ден, иако не ја нашле куклата, Кафка на девојчето и дал писмо на кое куклата напишала „Те молам не плачи.Патувам за да го видам светот. Ќе ви пишувам за моите авантури”.
Вака почнала и продолжила приказната до крајот на животот на Кафка. За време на нивните средби, Кафка ги читал внимателно напишаните авантури и приказни на куклата за кое девојчето верувало дека се боженствени.
Конечно, Кафка ја донел куклата (ја купил) назад во Берлин.
„Воопшто не личи на мојата кукла“, рекло тогаш девојчето.
Тогаш Кафка и предал уште едно писмо во кое куклата напишала: „Патувањето ме смени.” Девојчето ја прегрнала новата кукла и си ја однела дома целата среќна.
Една година подоцна Кафка починал .
Многу години подоцна девојчето кое веќе станала девојка нашла писмо во куклата. Во малото писменце потпишано од Кафка било напишано:
“Сè што сакате може ќе биде изгубено, но на крајот, љубовта ќе се врати на друг начин.”