Коефициент на интелигенција (IQ) – ја мери вашата способност за разбирање, решавање математички задачи, паметење информации и учење нови вештини.
Емоционален коефициент (EQ) – ја одредува вашата способност да останете смирени, да градите односи, да бидете одговорни, искрени, почитувани и грижливи.
Социјален коефициент (SQ) – ја мери вашата способност да градите и одржувате квалитетни пријателства и социјални врски низ времето.
Коефициент на отпорност (AQ) – ја мери вашата способност да се справите со животните предизвици и да излезете од нив посилни. AQ одлучува кој ќе се откаже, кој ќе остане истраен, а кој ќе излезе победник.
Личностите со висок EQ и SQ постигнуваат поголем успех во животот отколку оние со висок IQ, но ниски EQ и SQ. Најчесто, личност со висок IQ ќе работи за личност со висок EQ и SQ, дури и ако таа има просечен
Родители, охрабрете ги вашите деца да истражуваат различни аспекти од животот – не само академски успех. Вклучете ги во физички активности, спорт и уметност. Развивајте го нивниот IQ, но не заборавајте да ги зајакнете нивниот EQ, SQ и AQ.
Не го подготвувајте патот за вашите деца, туку подгответе ги децата за патот што ги чека.
“Карактерот без интелигенција вреди многу, но интелигенцијата без карактер не вреди ништо.”