Емпатичните луѓе ги имале овие четири искуства во детството
СО ПОКАЖУВАЊЕ емпатија ги чувствуваме и разбираме туѓите емоции, создавајќи подлабоки врски со луѓето околу нас. Емпатите можат да го препознаат нашето расположение, да се поврзат со нашите тешкотии и со задоволство ги слушаат нашите проблеми. Покрај тоа, советничката за брак и семејство, Тина Феј, тврди дека емпатите често имале одредени искуства од детството кои им помогнале да развијат емпатија. Таа издвојува неколку од нив:
Изложеност на разлики
Основата на емпатијата е изложеноста на различни видови луѓе и перспективи. Без разлика дали преку соседите, семејните пријатели, патувањата или културните настани, децата учат дека светот е полн со луѓе кои имаат свои уникатни приказни.
- Преку овие искуства, од прва рака, децата учат да ги ценат разликите наместо да се плашат од нив – изјавила Феј.
Доживување тешкотии
Семејното опкружување со љубов може да поттикне емпатија, но понекогаш спротивното искуство може да го даде истиот резултат. Децата што чувствуваат болка можат да ја разберат и кај другите. Затоа, наместо да ја претворат таа болка во нешто негативно, тие одлучуваат да станат грижливи луѓе полни со љубов.
Грижа за домашни миленици
Од хранење и проштеки, до едноставно поминување време заедно, децата учат да се грижат за друго суштество кога во домот имаат домашно милениче.
- Оваа врска рано ги учи на емоционална интелигенција и одговорност. Не се работи само за тоа дали миленикот има храна и вода, туку се работи и за препознавање на неговото однесување, разбирање на неговите потреби и грижата за друг живот, воопшто – тврди Феј.
Вклучување во тимски активности
- Тимската работа не е само победа во игри или постигнување цели, тоа е забрзан курс за разбирање на луѓето – објаснила Феј.
Таа тврди дека учеството во тимска работа ги прави децата свесни дека секој член од тимот е различен, но еднакво важен.
- Секој има своја улога и придонес, но и скриена битка што можеби ја води – вели таа.
Значи, сето ова им помага на децата да развијат емпатија.