Водата е природна средина на човековото тело, од утробата па се до создавање на разни примитивни техники односно во тој период вештини за преживување. Така пливањето станува една од најзначајните спортски активности кај децата, особено кај децата од претшколска возраст па се до и во тек на нивниот пубертет. Прво затоа што преставува забава и буди позитивни емоции и со тоа го руши стравот од вода кај децата и им дава сигурност во неа.
Во доста од земјите во Европа пливањето е и задолжотелен спорт во делот на часот по физичко образование, а да напоменеме дека е препорачано како превенција од деформитети кај децата, посебно во ова модерно општество.
Драго ми е што после долго време децата во Струга имаат можност редовно да пливаат и да стекнуваат здрави и спортски навики, се гледаме на базен.
Спортски Поздрав!
Тренер :
Стефан Милошески
Дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје