Не можеме да промениме сè во животот, но можеме да научиме да се прилагодуваме
Има многу работи во животот кои не можеме да ги контролираме или промениме.
Промени се случуваат и се провлекува низ цел наш живот, а понекогаш тоа може да ни го подобри животот или да ни го поремети. Сите луѓе поминале низ некоја промена во живот која може да биде многу стресна и вознемирувачка. Но, како се справувате со ситуации кои не можете да ги промените?Станува збор за нашата способност да се прилагодиме на таа ситуација, а не да контролираме сè.
На пример, ако сте отпуштени од вашата работа поради било која причина, може да бидете вознемирени и лути. Имате право да се чувствувате така и не смеете да ги негирате своите емоции. Но доколку направите ретроспектива на вашата ситуација, можете подобро да го видите вашиот живот и разберете дека иако вашата ситуација е тешка, тоа не е крај на светот. Можеби ќе одлучите дополнително да се усовршите и наоѓате работа во други области.
Да се изгуби некој близок поради болест е трагично и тука не можеме ништо да направиме за тоа. Значи, кога мислиме дека не можеме да ја промениме ситуацијата, треба да се запрашаме дали тоа е состојба на непријатност или реален и вистински проблем. Ова ни помага да стекнеме друга перспектива, знаејќи дека има и други луѓе во светот кои имаат многу поголеми потешкотии во животот.
Имајќи го ова на ум, еве три работи кои не можеме да ги промениме во животот, но можеме да промениме како да се однесуваме и реагираме во такви ситуации.
1.Како другите луѓе се однесуваат со вас
Не можеме да контролираме како другите луѓе се однесуваат со нас. Но, понекогаш лоши работи им се случуваат на добри луѓе. Ако го судиме животот врз основа на тоа дали е фер или неправеден, се подготвуваме за разочарување. Животот тече според своите закони, воспоставени на другите универзални закони и принципи. Ако другите се однесуваат кон нас неправедно, тоа е можност да погледнеме во себе и да ја промениме нашата реакција и одговор. Во овој контекст, „одговор“ значи дали ќе се чувствуваме скршени или ќе го искористиме искуството за да станеме поотпорни.
Често луѓето разочараат, понекогаш намерно, понекогаш ненамерно, но начинот на кој не третираат, не зборува за тебе, туку за тоа што се случува во таа личност. Сигурно сте ја слушнале изреката „повредуваните луѓе ги повредуваат другите луѓе“. Што значи дека оние кои самите се несреќни или претрпеле некаква траума, повредувајќи ги другите, се лекуваат себеси.
Па, како се справувате со вакви луѓе? Ова го вклучува препознавањето на вистинската своја вредност и сопствената моќ. Препознајте ги мотивите на соговорникот и простете му ги грешките до степен до кој сте спремни и подготвени. Исто така, поставете граници и дистанцирајте се од таквите луѓе.
Да, можеби ќе ви биде тешко, но не го правите тоа поради нив, туку за да си ја олесните болката и страдањето, што е и најважно за вас.
2.Понекогаш работите тргнуваат наопаку
Понекогаш животот тргнува неочекувано наопаку кога најмалку ги очекувате. Луѓето ве изневеруваат и вашиот живот одеднаш се променува и вие доживувате фрустрација, лутина и разочарување. Природно е да го чувствувате така, но кога работите ќе тргнат наопаку, наместо да бидете оптоварени со вашите проблеми, обидете се да најдете решение.
Ако премногу се фокусираме на нашите проблеми, тие се шират во нашата свест и не можеме да најдеме решение. На тоа и мислел Алберт Ајнштајн кога рекол: „Не можеме да решиме проблем на исто ниво на свеста која го создала.“ Нашите проблеми не можат да се решат со истиот ум што ги создал. Затоа, кога работите ќе тргнат наопаку, избегнувајте претерано размислување за вашите проблеми, пробајте да ја сменете вашата перспектива и побарајте ја можноста што е во нив.
Во својата книга „Уметноста на учењето: внатрешно патувањето до оптималниот исход”, Џош Вајцкин зборува во едно поглавје за тоа кога играл меѓународен шах. Противниците ја нарушувале неговата концентрација неколку пати за време на натпреварите, удирајќи го под масата, правејќи врева или неочекувано ја напуштале масата. На крајот тој успеал да ги искористи токму тие препреки и ја подобрил својата отпорност и станал незапирлив шампион. Станува збор за користење на вашите проблеми во ваша корист, наместо да дозволите целосно да ве исфрлат од колосек.
3.Животот понекогаш е предвидлив, понекогаш непредвидлив
Животот нема план да повреди некого затоа што животот не е одделен од нас. Ние сме олицетворение на животот и кога ќе го разбереме ова, добиваме моќ да ги подобриме нашите околности. Животот е предвидлив до степен до кој нашите искуства содржат клучни лекции за нашиот раст. Ќе се случат работи кои не сте ги очекувале или кои не можете да ги контролирате. Секако дека ќе се вознемирите, ќе се налутите и ќе се чувствувате немоќни. Но, тогаш се вклучува вашата невидлива моќ да реагира на она што ви се случува. Вашиот одговор е тој што одредува дали страдате или ќе ја менувате вашата перспектива.
Значи, имаме избори, а понекогаш тие избори не се нужно очигледни. Се разбира, сакаме да го елиминираме проблемот што ни предизвикува болка, но тоа можеби не е секогаш можно. Единственото нешто што можеме да го контролираме е нашиот став и нашиот одговор.
Затоа, кога ќе се појават тешкотии и не можете да ги контролирате или промените, видете дали можете да ја промените вашата перспектива. Нема да биде лесно и ќе бара пребарување длабоко во себе. Ќе биде потребно да излезете од вашата комфорна зона за да го промените начинот на кој реагирате на она што ви се случува.