Музејот „Корпус“ се наоѓа во градот Остерхаут, во близина на Лајден, Холандија. Тоа е место каде што можете да ги истражите сите чуда на човечкото тело – во поголем размер. Музејот „Корпус“ или „Патување низ човечкото тело“ е зграда висока 35 метри која е во форма на човечко тело.
Музејот на посетителите им овозможува интерактивно учење за човечкото тело, анатомијата и здравјето. Посетителите имаат можност да истражуваат во различни изложбени простори, вклучувајќи органски системи и здравствени теми.
„Корпус“ е уникатно место со 5D ефекти каде посетителите можат да тргнат на патување низ човечкото тело, истражувајќи ги неговите делови, функции и сложеност на интересен и едукативен начин. Овој музеј го комбинира образованието со забавата, давајќи им на посетителите интересно и незаборавно искуство за учење за нивните тела.
Музејот „Корпус“ нуди можност на забавен начин да се научи за човечкото тело, без разлика дали сте дете или возрасен кој е заинтригиран од науката. Посетителите во музејот започнуваат со одење во колената на телото, а потоа продолжуваат нагоре кон човечкиот мозок. Секој чекор од патот, ве носи на патување кое ве учи за сложеноста на тоа како функционира тој одреден дел од телото. Музејот одговара на сечие прашање на забавен и привлечен начин, прашања како „што се случува кога кивате? до “како функционира срцето?” – со одговори,реплики и 5Д ефекти.