Еднаш одамна живеел еден стар, мудар самурај. Тој имал група ученици и ги обучувал за мудрост и воени вештини. Еден ден, за време на неговата обука, кај него дошол еден млад воин, познат по својата грубост и суровост…
Омилена тактика му била провокацијата. Постојано го навредувал противникот кој иако го прифатил предизвикот, го губел трпението од навредите кои ги слушал и така во својот гнев правел грешка по грешка и тој ја губел борбата.
Наредниот пат воинот извикал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот, но самурајот мирно го продолжил своето предавање.
Кога и нареден пат воинот го направил истото, извикувал и навредувал и самурајот не реагирал и по трет пат, воинот се налутил и го напуштил предавањето.
Останатите ученици внимателно и со интерес ја следеле целата таа ситуација. По заминувањето на воиниот, еден од учениците не издржал па запрашал:
-Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!
Мудриот самурај одговорил:
-Кога некој ќе ти донесе подарок, а ти не го прифатиш, каде ќе заврши подарокот?
-Кај неговиот сопственик, одговориле студентите.
-Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Додека не ги прифатите, тие припаѓаат на тој што ги донел.