Три мисли на Фром
Филозофот и социологот Ерих Фром го напишал своето познато дело „Уметноста на љубовта“ пред повеќе од половина век, но прашањата со кои се занимавал се безвременски, па се актуелни и денес.
За секој што се занимава со психологија или е само заинтересиран за меѓучовечки односи, оваа книга од Фром е суштинско читање. Таа може да ви помогне подобро да ја разберете темата за среќата, љубовта, осаменоста, партнерските и семејните односи.
Во денешната статија ќе издвоиме три размислувања на Фром.
1. Љубовта е вештина
Љубовта е уметност и вештина што човекот ја учи во текот на својот живот вели Фром во своето дело.Се разбира, работите не се едноставни бидејќи во ова учење, иако е потребно долго време, секој од нас треба да помине низ многу препреки и бариери за да ја разбере и научи љубовта. Способноста да сакаме доаѓа од нас самите.Секој од нас е различен, секој од нас сака различно и не постои универзална инструкција за тоа како сакаме и како покажуваме и примаме љубов. Шаблони нема, но на секој човек му останува да има свое искуство во текот на својот живот и сам да го најде одговорот на прашањето.
Фром вели дека, како и секоја друга вештина, љубовта бара мајсторство. И покрај конвенционалната мудрост, љубовта е далеку од обично чувство. За да бидеме способни за љубов, мора да се развиваме како личност и да напредуваме во секој момент од нашиот живот.Само кога ќе се развиеме ќе можеме да одговориме на прашањето што е љубов.
2. Семејни врски
Има малку родители во светот кои имаат храброст повеќе да се грижат за среќата на своето дете отколку за нивниот успех. Семејните врски и начинот на кој пораснавме се многу важен фактор во партнерските односи.Доколку некој од партнерите доживеал силна љубов од својата мајка или татко, таква љубов ќе ја бара и од партнерот. Таквиот човек нема цел да му пренесе љубов на својот партнер, туку самиот да биде сакан, бидејќи уште од детството е навикнат да биде единствениот и опсипан со љубов.
Ако оваа личност најде партнер кој е ист како него или самоуверен и горд, таа врска нема иднина.
3. Обожување
Ако сакаме некого, сочувствуваме со него,ние сме емпатични. Ако човекот не достигнал доволно ниво на самопочит, тогаш тој почнува да е склон кон потчинување.
Тој нема свое мислење и многу му е тешко да го изрази своето „јас“. Ваквата љубов често се прикажува во филмовите, но тоа не е љубов, туку обожување. Има само една причина за ова: еден од партнерите не успеал да се реализира како личност како што тој посакакувал и сега е целосно вграден во животот на својот партнер. Ваквите врски се далеку од среќни.