Алкатраз – најозогласен затвор на своето време
Поминаа речиси 70 години откако затворот на истоимениот остров, познат по својата максимална безбедност – Алкатраз, престана да работи. Мал остров во средината на заливот Сан Франциско во Калифорнија, САД, првично служел како светилник и воена тврдина. Местото подоцна стана федерален затвор за најлошите криминалци, а речиси седум децении подоцна, Алкатраз е историска и туристичка атракција надгледувана од Националниот парк Голден Гејт. Островот своето име го добил во 1775 година кога до него отпловил шпанскиот истражувач Хуан Мануел де Ајала.
Затвореник број 85
Еден од првите затвореници бил Ал Капоне. Тој бил уапсен во 1931 година поради затајување данок. Во затворот му било забрането да има било каков контакт со луѓе од надворешниот свет. Свирел бенџо во затворскиот бенд. Имал сифилис, па бил испратен во болница, па на домашно лекување. Починал во 1947 година.
извор фото:Ал Капоне
Неуспешни бегства
Нема докази дека некој успеал да побегне од Алкатраз. Имало 36 обиди, од кои 23 биле спречени на стартот, шест лица загинале, а двајца се удавиле. Првото бегство, т.е. обидот за бегство се случил на 27 април 1936 година.
Џон и Кларенс Англин и Френк Морис во 1962 година побегнале од злогласениот затвор Алкатраз и станаа легенди: никогаш не биле најдени и фатени, а не биле најдени ни нивните тела, па остана вистинска мистерија дали тројцата затвореници го преживеале бегството и дали е возможно да се извлече некој жив од Алкатраз.
Нивната приказна била инспирација за филмот „Escape from Alcatraz“ со Клинт Иствуд во главната улога, но целата приказна сега доби продолжение откако ФБИ потврди дека повторно го истражува случајот.
Во јавноста излезе информацијата дека локалната полиција во 2013 година добила рачно напишано писмо во кое Џон Англин тврди дека тројцата бегалци преживеале и детално опишува како им успеало тоа. Потоа тој моли за спогодба со властите да помине само една година во затвор, а потоа службено да стане слободен човек.
„Јас сум Џон Англин. Побегнав од Алкатраз во јуни, 1962 година со брат ми Кларенс и Френк Морис. Имам 83 години, болен сум од рак и сум во многу лоша состојба. Да, сите го преживеавме бегството, едвај“, стои во писмото до полицијата на Сан Франциско.
Писмото било пратено до ФБИ и биле направени неколку тестирања, но не е со сигурност потврдено дека Англин го напишал или е во прашање некаква измама.
Според писмото, тројцата пљачкаши ги пробиле вентилациските отвори доволно за да собере возрасен човек и така побегнале од затворот. Чуварите ги залажале со куклите во природна големина и вистинска коса, со цел да не бидат веднаш откриени. За да стигнат до копното носеле елеци за спасување и кабаници, тврди Англин.
Ако писмото е автентично, тој денес живее во јужна Калифорнија, брат му починал во 2011, а Френк во 2008 година.
„Ако на телевизија јавно ветите дека нема да поминам повеќе од една година во затвор и дека ќе добијам медицинска нега, повторно ќе ви пишам и ќе ви откријам каде точно се наоѓам. Ова не е шега.“
Полицијата ја отфрлила таа опција.
„Немаме никаква причина да веруваме дека некој од нив тројцата толку се сменил и денес го почитува законот“, стои во службениот допис на полиција
Тројцата се нашле во Алкатраз по неуспешни. обиди за бегство од затворот во Атланта. ФБИ уште го чува случајот отворен.
Алкатраз работел од 11 август, 1934 до 21 март, 1963 година.