20 медаљи на државен и меѓународен натпревар на ЏК Струга

Неверојатен викенд за нашиот џудо клуб!

20 медали донесени во Струга! Младите џудисти заблескаа на Државното првенство за деца и кадети, освојувајќи вкупно 16 медали во Прилеп и 4 медали на меѓународниот натпревар во Ниш Р. Србија.

Во категорија деца освоија 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзени покажувајќи го својот талент и одлучност. Во категоријата кадети имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од џудистите кои настапија се една категорија помлади (пионери) сите го дадоа својот максимумот против силната конкуренција, и нивниот труд беше за пофалба, освојувајќи 2 сребрени и 3 бронзени медали, што го направи нивниот успех уште по импресивен!

На меѓународната сцена во Ниш, Србија, џудо шампиони со стопроцентен учинок го крунисаа и така успешниот ден освојувајќи 2 златни медали и 2 бронзени медали.

Честитки на нашите џудисти за нивните извонредни резултати! Како и благодарност за целото посветено џудо семејство наречено ЏК Дрим Струга!

Иднината за вас е светла и загарантирана, ви посакуваме гордо да го продолжите патот сите заедно.

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*