20/February/2025admin No Comments 56 ViewsShare on
На 15.02.2025 (сабота), под организација на ОУ „Јахја Кемал“ – Струга, се одржаа регионалните натпревари по математика и физика за ученици од 9-то одделение.
На натпреварите учествуваа 120 ученици од повеќе основни училишта од општините: Охрид, Дебар, Кичево, Дебрца и Струга. Нашиот ученик Ардит Љачка, под менторство на наставниците Лирие Ајро и Фети Мета, освои III место, покажувајќи одличен успех и знаење!
Честитки до Ардит и неговите ментори за овој извонреден резултат! Им посакуваме уште многу успеси во иднина!