Халил Рафати – човекот кој се откажал од хероин и станал милионер со овошен сок
„Ти си причина за сите твои маки и свој непријател, ти си единствениот кој ги држи сите клучеви за твојата среќа“ – Халил Рафати
Кога Халил Рафати се предозирал со хероин по деветти пат, болничарите избезумено се обидувале да му го спасат животот. Зависникот од дрога кој спиел на улиците на Лос Анџелес, на крајот се освестил откако лекарскиот тим употребил дефибрилатор за да му даде електричен шок. Во 2003 година, кога Халил имал 33 години, зависник од крек и тежел само 49 килограми, а неговата кожа била покриена со чирови.
Додека Халил претходно се обидувал и не успеал да се исчисти, после деветтото предозирање конечно сфатил дека мора да го промени својот живот за да се спаси. Така, тој помина четири месеци во центар за рехабилитација – и оттогаш тој е друг човек.
Насочувајќи се на здравиот начин на живот, Халил станал многу успешен во она што го зацртал, да истрае во желбата за нов здрав и исполнителен живот, што придонесло да тој денес е милионер, основач и сопственик на модниот калифорниски бизнис за здрава храна Sunlife Organics.
Со годишна продажба од повеќе од 6 милиони долари од нејзините шест продажни места, кои комбинираат барови со сокови и кафулиња.
Халил сега има 53 години и е навикнат да патува со приватен авион, но тој помина долг и тежок пат од оние денови додека спиел на улица. Всушност, животната приказна на Халил би можела да биде заплет на холивудски филм.
Роден е во Охајо, САД. Имал проблематичното детство. Училиштето го напуштил без никакви квалификации и бил апсен за вандализам и кражба во продавници.
На 21 година се преселил во Лос Анџелес и имал сон да стане филмска ѕвезда.
Никогаш не се реализирал како актер, но почнал да свири во локални бендови и добро заработувал чистејќи автомобили за холивудските ѕвезди, вклучувајќи ги Елизабет Тејлор и Џеф Бриџис и водечкиот гитарист на Ганс енд Роузес, Слеш.
Сепак, тој набрзо паднал во зависност од дрога и неговиот живот излегол од контрола. После деветто предозирање, животот на Халил целосно се променил на подобро. Откако успешно се откажал од дрогата, тој работел во центри за рехабилитација во Малибу, миел автомобили, шетал кучиња и се занимавал со градинарски работи, работејќи напорно, седум дена во неделата, 16 часа на ден.
Халил, исто така, почнал да станува опседнат со правење сопствени сокови од зеленчук и овошје откако запознал стар пријател од Охајо кој го научил за органската храна и витамините.
Во 2007 година, Халил изнајмил куќа и отворил свој центар за рехабилитација, Riviera Recovery, за клиенти кои плаќале 10.000 долари месечно. Им подготвувал егзотични мешавини на сокови, како – мешавина од банана, мака во прав, матичен млеч и полен. Репутацијата на овие пијалоци се проширила и надвор од центарот за рехабилитација.
Сфаќајќи дека има доволно побарувачка за основање посебен бизнис, Халил во 2011 година ја лансирал Sunlife Organics, заедно со неговиот најдобар пријател. Тоа за Халил било инстант успех, со продажба од 1 милион долари во првата година.
Денес Халил Рафати е милионер, спортист, сопственик на Sunlife Organics, сè уште го води центарот за рехабилитација Riviera Recovery и поседува студио за јога во Малибу. Напишал и извонредно автобиографско дело „Заборавива да умрам“ (Forgot To Die).