Работи кои постојано ги правиме и ни ја „крадат“ енергијата
Дали некогаш сте размислувале за вашата енергија каква е, зошто исчезнува и како ја трошиме? Дали понекогаш чувствувате енергетски дефицит или чувствувате пад на енергијата?
Веројатно сите сте почувствувале ниска енергија во одреден момент, тоа е сосема природно. И дури кога ќе почувствуваме енергетски дефицит, почнуваме да размислуваме зошто и како се случило и почнуваме да го преиспитуваме нашето однесување.
Дури и да живеете здрав живот, да се движите и да јадете правилно, можно е кога ќе се вратите од работа да сакате само едно – да легнете и да се одморите од се. Има објаснување зошто тоа се случува.
Доколку често чувствувате опаѓање на енергијата, ви предлагаме да обрнете внимание на следниве работи:
- Озборувања, поплаки, дискусии
Откако ќе го поминете времето во непотребно зборување за некого, енергијата ви заминува и се чувствувате уморни. Зошто ви е потребна ваква комуникација со луѓето?
Наместо да озборувате, сменете го правецот и претворете ги токсичните разговори во конструктивни.
- Учество во туѓи негативни настани
Невозможно е целосно да го заштитиме нашето битие од негативни надворешни влијанија, но можеме да се потрудиме да го ограничиме дејството на надворешните сили на нашата емоционална состојба и на нашиот енергетски потенцијал.
Нема потреба да поминуваме низ туѓи проблеми и го споделуваме страдањето. Важно е да покажете сочувство. Тоа е доволна корист.
- Фокусирање само на проблемот
Ако постојано, одново и одново во вашата глава се врти одредената проблемска ситуација, вашите негативни чувства ќе се засилат и вашата сила ќе замине.
Фокусирајте се на решението, а не на проблемот.
- Отпор
Секој отпор е внатрешен конфликт со нас самите кој одзема голема количина на енергија.
- Мисли
Мислите се многу моќна алатка, мора да научите да преземате одговорност за нив.
- Негативни чувства
Честопати, за да ги заштитиме другите од нашите негативни емоции, се уништуваме себеси чувајќи ги внатре. Емоциите бараат многу сила. Ослободете ги вашите емоции, какви и да се тие.
- Толпа луѓе околу нас
Енергијата е насекаде околу нас и таа лесно се пренесува. Ако сте во толпа луѓе, тоа ќе влијае на вашата внатрешна рамнотежа.
- Незадоволство
Кога сте огорчени, размислувате само за вашата навреда и поминувате низ таа ситуација повторно и повторно. Научете да простувате и да се ослободите од она што ве мачи.
- Врски од минатото
Минатото треба да се остави зад себе. Престанете да живеете во илузиите од минатото и да се надевате залудно.
- Угодување
Се трудите да бидете добри, па му помагате на вашето дете со домашните задачи дури и кога тоа може само сам да го направи, одите со пријател веднаш штом ве покани, а имате своја работа и слично. Така ја трошите својата енергија на ситници.
- Телевизија, интернет, социјални мрежи
Тоа се работи кои ни одземаат драгоцено време и енергија.
- Лоши емоции кон другите
Кога се судираме со другите, тоа не оптоварува затоа што ја вложуваме нашата скапоцена енергија во конфликтот. Бидете мудри и не го менувајте вашиот поглед на светот.