svetski cuda

Седумте светски чуда на модерниот свет

Постојат многу убави нешта на овој свет. Иако не е лесно да се рангираат сите тие неверојатни нешта на оваа планета, некои успеале да создадат листа од седумте најдобри. Всушност, постојат неколку листи на прекрасни места во светот.

Имајќи во предвид дека шест од седумте чуда на античкиот свет веќе не постојат, компанијата New7Wonders одлучила да ги открие новите седум чуда на современиот свет. Компанијата го искористила системот на анкета и гласање за да ги избере новите 7 светски чуда. Оваа листа се состои од 7 различни локалитети, споменици и места од целиот свет, а не само од Европа и Африка, каде што биле лоцирани сите антички чуда.

 

 

1. Големиот Ѕид на Кина (Great Wall of China)

Првиот дел од Големиот Ѕид бил изграден под власта на Царот Qin Shi Huang од династијата Win. Потребни им биле околу 20 години за да го завршат оригиналниот ѕид.

Ѕидот е долг 21,196 км. и бил изграден од неколку императори за време на нивното владеење. Но, најголемиот дел од ѕидот бил изграден за време на владеењето на Династијата Ming.

  • На неколку различни империи им биле потребни повеќе од 2.000 години за да го завршат ѕидот, што вклучувало изградба и обнова на истиот.

  • Должината на Големиот Ѕид исто така има и природни бариери, како што се планини и водни тела.
  • Иако претставува архитектонско чудо, дали знаевте дека оваа градба се смета за најдолгите гробишта во светотПовеќе од 1 милион луѓе умреле, градејќи го и археолозите пронашле човечки остатоци закопани под одредени делови од ѕидот.
  • За разлика од популарните верувања, Големиот Ѕид на Кина не може да се види од вселената.

Големиот Ѕид на Кина

2. Петра (Petra), Јордан

Античкиот град во Јордан, Петра бил откриен за западниот свет во 1812 година, кога швајцарскиот истражувач Johann Ludwig го претставил на светот. Една од работите поради која овој град е чудо е фактот што половина град е врежан во огромна карпа. Можете ли да го замислите тоа!

  • Карпата во која е врежан градот има розова боја, поради што и градот го добил својот прекар, Rose City.
  • Nabataeans или Набатејците, кои што го изградиле овој град врежан во карпа, исто така и дизајнирале водоводен систем кој бил многу напреден за нивното време. Музејот во Петра ги прикажува цевките кои биле користени за овој систем.
  • Петра, локација на културно наследство на УНЕСКО, се наоѓа и на листата на „28 места кои морате да ги посетите пред да умрете“ направена од Smithsonian.
  • Оваа градба, всушност е доказ дека Блискиот Исток бил највлијателниот регион во светот во Средниот век.
  • Но, ова место не ја добило својата заслуга, долго време! Дали знаевте дека Бедуин од Арапската Пустина уништил некои од најскапоцените резби, кои се наоѓале на ѕидот на благајната? Тие ги користеле резбите како мети за време на нивните вежби за стрелање.
  • Градот има повеќе од 600 градби во него, вклучувајќи и мавзолеј на фараон.
  • Се сеќавате на Indiana Jones и на филмот „Last Crusade“? Дел од овој филм бил сниман во Петра
Петра, Јордан

3. Исус Христос Искупителот (Christ the Redeemer)

Оваа масивна статуа на Исус Христос, која се наоѓа на планината Corcovado во Рио де Женеиро е нешто што мора да се види. Најголемата уметничка статуа во светот, била откриена во 1931 година.

  • Статуата е висока 38 метри, не вклучувајќи го и пиедесталот на кој е поставена и е висок 6 метри.
  • Дизајнирана била од Heitor da Silva Costa, а скулптурирана од Paul Landowski, француски скулптор. Градбата ја вршеле бразилски и француски инженери. Биле потребни 11 години за статуата да се заврши.
  • Рацете на статуата се протегаат 28 метри во широчина!

Статуата била делумно уништена, кога ја погодил гром за време на големата бура во 2008 година. Властите ја обновиле набрзо потоа.Исто така, оваа структура оригинално не била изградена во Бразил, таа била направена во Франција.

Исус Христос Искупителот

 

4. Мачу Пикчу (Machu Picchu)

  • Градот на Инките, Мачу Пикчу во Перу е едно од најинтересните места за посета во светот. Мачу Пикчу бил изграден околу 1450 година и бил напуштен 100 години подоцна, за време на шпанските истражувања. Бил прогласен како локалитет на Културно наследство на УНЕСКО во 1983 година.
  • Мачу Пикчу, уште познат и како „Изгубениот град на Инките“ (The Lost City of the Incas).
  • Изграден од суви камени ѕидови, Мачу Пикчу зафаќа површина од 80.536 хектари или околу 353 км²! Доколку сакате да го посетите, бидете спремни за една многу долга прошетка!
  • Многу од камењата кои биле користени за изградба на градот биле тешки повеќе од 22 килограми, но се вели дека не биле користени никакви превозни средства за да се качат овие камења на планината. Всушност се претпоставува дека илјадници мажи ги туркале тешките камења нагоре по планината.
  • Градот е лоциран на надморска височина од 2.429 метри, што го отежнува пристапот за време на врнежи.
  • Градот е еден од првите 100 загрозени места и е под закана од уништување од страна на цивилизацијата (претежно туристи) и од земјотреси.
Мачу Пикчу

 

Град на Маите, изграден пред колумбискиот период, Чичен Ица е популарна туристичка дестинација во Мексико. Се верува дека е најголемиот град кој некогаш бил изграден од цивилизацијата на Маите.

  • Chichen Itza во превод значи „на устието на бунарот во Ица“.

  • El Castillo, замок во форма на пирамида, е можеби најпознатата структура во градот.
  • Овој замок, кој се наоѓа во центарот на градот уште е познат и како „Temple of Kukulcan“.

  • Многу туристи знаат дека одредени места во Чичен Ица се познати по своите необични звуци. Доколку ракоплеснете еднаш од крајот на теренот (Ball Court), тоа одекнува и создава 9 еха во средината на теренот. Едно ракоплескање пред Kukulkan Pyramid создава ехо, кое наликува на цвркот на змија.

Љубителите на историја и туристите го посетуваат замокот Castillo за време на летото и пролетната рамноденица, за да посведочат на позната илузија на Чичен Ица. Движењето на сонцето во тоа време фрла триаголни сенки кои изгледаат како пердувеста змија, која ползи по северната балустрада (ограда) на замокот.

Чичен Ица

6.Колосеумот (Colosseum)

Колосеумот во Рим е антички амфитеатар кој бил изграден во 80-тата година, од страна на императорот Titus Vespasian. Колосеумот првенствено бил употребуван за одржување на гладијаторски натпревари, иако се одржувале и разни настани одвреме навреме.

  • Колосеумот бил изграден со употреба на песок и бетон и имал огромен капацитет. Можел да смести околу 65.000 гледачи на своите трибини!
  • 60.000 робови го изградиле овој масивен комплекс за само 9 години! Имал трибини на 4 ката.
  • Голем пожар кој се случил во 207-та година, ги уништил горните нивоа на структурата и тие никогаш не биле санирани. Потоа земјотрес дополнително ја оштетил градбата.

  • Протестите за укинување на смртната казна биле одржувани спроти Колосеумот. Денес, тој стои како симбол против смртната казна.

Во последно време, Колосеумот се користи за одржување на концерти, од изведувачи како што се Billy Joel, Paul McCartney и Elton John.

Колосеум во Рим 

7. Таџ Махал (Taj Mahal)

Taj Mahal е мавзолеј кој бил изграден од императорот на Mughal, Shah Jahan и е всушност гробница каде што е погребана неговата сопруга Mumtaz. Целосно изграден од мермерен камен, Taj Mahal е локација на Културно наследство на УНЕСКО, која привлекува повеќе од 8 милиони туристи секоја година. Оваа градба е едно од најголемите прикажувања на љубов во историјата.

  • На императорот му биле потребни повеќе од 20 години и 20.000 занаетчии за да се заврши изградбата.

  • Поради чистата бела боја, структурата ја менува својата боја врз основа на осветлувањето за време на одреден период од денот. Познато е дека присвојува природни бои како што се розова, сина, портокалова и жолта, во различни периоди од денот.

  • Гробницата имала врежано неколку скапоцени камења кога била изградена. Војници и протестанти ги однеле поголемиот дел од овие камења за време на бунтот во 1857 година.

  • Една од најпопуларните легенди за оваа градба е дека императорот наредил да им се исечат рацете на сите работници, за тие да не можат повторно да го изградат истиот дизајн.

  • Околу 1.000 слонови биле користени за транспорт на градежниот материјал до местото на градба.
Таџ Махал
(извор:info@gotham.mk)

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*