Интуиција – способност да читате луѓе може да биде и подарок и казна
Дали ви се случило да донесете одлука само врз основа на чувства?
Тој мал ваш внатрешен глас кој ви помага да донесете одлука помага да ве заштити и да ве води на вистинскиот пат. Секој човек има интуиција, само кај некои е поизразена и подобро развиена. Вашето тело, ум и дух се меѓусебно поврзани.
Нашето тело секогаш се прилагодува на вашиот внатрешен глас. Интуицијата исто така се испреплетува со вашето духовно битие. Луѓето кои тврдат дека имаат психички способности често ги опишуваат како чувствителни на нивната интуиција на духовниот план.
Интуицијата може да биде одличен подарок. На многумина, нивната интуиција дури им го спасила животот. Сепак, интуицијата понекогаш може да биде казна затоа што луѓето кои имаат добро развиена интуиција можат многу добро да ги читаат луѓето и често можат да видат не толку убави особини кај другите.
Колку повеќе ја запознавате вашата интуиција, толку повеќе ќе ја користите и толку повеќе ќе и верувате. Прочитајте подолу зошто развивањето на вашата интуиција може да биде корисно.
1. Тоа може да биде вашиот внатрешен аларм;
Дали ви се случило да запознаете некои луѓе, а нешто во вас да ви каже да се чувате од тие луѓе?
Понекогаш може да биде само лош прв впечаток и можете да сфатите дека овие луѓе се многу добри. Сепак, не е редок случај кога интуицијата е во право и кога ќе се докаже дека некои луѓе навистина не се добри. Истото може да се случи кога треба да донесете важна одлука во вашиот живот.Ако не се чувствувате добро за некоја одлука, тоа може да биде предупредување.
2. Слушајте го вашето тело;
Нашето тело е едно од најкомплицираните и најсовршените дела во универзумот. Ако во него почне да се случува некаков дисбаланс, тоа не предупредува.Често ни испраќа сигнали во форма на болка или други чудни сензации за да ни го привлече вниманието.
3. Позитивната страна на интуицијата;
Нашата интуиција секогаш не предупредува не само за лошите работи, туку и за добрите. Ако го слушавте своето срце кога го запознавте партнерот, вашата интуиција ви кажуваше дека оваа личност е добра за вас.
Интуицијата е поврзана и со креативноста и е од голема помош за големите уметници, писатели и научници.
4. Полесно ќе се носите со промените;
Промените се пожелни доколку сакате да продолжите да растете и да се развивате. Вашите чувства можат да ви помогнат да останете живи во време на загуба и очај.
Кога сè негативно ќе биде против вас, тој нежен глас ве поттикнува да истраете.
5. Полесно ќе се поврзете со другите;
Дали некогаш ви се случило да почувствувате дека некој кој ви е многу драг е во неволја, а набрзо дознавате дека навистина нешто му се случило.
Некои духовни врски ги надминуваат сите далечини и време. Истото се опишува кога родителите можат да ја почувствуваат болката на своите деца иако се со километри подалеку. Тоа е необјаснива врска што ја имате со луѓето, а нашата интуиција е одговорна за тоа.