Веслачката федерација е субгрантист на проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост спортските политики“, кој го спроведува Олимписки комитет на Северна Македонија (ОКСМ) во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, ко-финансирана од Европската Унија. Одобрениот проект на федерацијата е со наслов „Веслање без бариери: Зајакнување на жената и промена на политиките за родова еднаквост во ВФРСМ” и ќе се реализира во период од една година.
Целта на проектот е унапредување на политиките и практиките за родова еднаквост во Веслачката федерација преку: институционални промени и унапредување на нормативната рамка зголемување на видливоста и учеството на девојчињата и жените во веслачкиот спорт Проектот предвидува истражувачка анализа, ревизија и изработка на нормативни документи, обуки за спортистките, спортската администрација, жени лидери, како и организација на Отворени денови за веслање. Очекуваната промена е поконкурентна и инклузивна Веслачка федерација, со јасни политики и механизми за заштита и поддршка на жените и девојчињата во спортот. Овој проект е уште еден важен чекор кон спорт без бариери и еднакви можности.