ВОЛОНТИРАЈ, ИНСПИРИРАЈ, ПРOМЕНИ!
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ПРОЕКТОТ Volunteering Beyond Handicaps!
Имаш 18-30 години и живееш со некаква попреченост?
Или познаваш млад човек со попреченост кој сака да се вклучи, но му треба поттик и поддршка?
- Повикај го! Поттикни го! Сподели му за проектот VoBeHa – Volunteering Beyond Handicaps.
Бараме 20 млади волонтери (18 – 30 години) со попреченост кои:
- Ќе бидат обучени за волонтирање на спортски случувања
- Ќе бидат вклучени како волонтери на локални и национални спортски случувања
- Ќе имаат можност за интернационално искуство
- Ќе стекнат нови вештини, знаење и нови пријателства .
Планираните активности се во периодот август 2025 г. – април 2026 г.
Дополнително, сите учесници на проектот добиваат сертификат за волонтер и маичка со логото на проектот.
Биди дел од иницијативата што го руши стереотипот и покажи дека волонтирањето е за СИТЕ!
Пријави се или пријавете!
Краен рок за пријавувањето: 20. 07. 2025 г.
Пријавувањето може да го извршите со скен на кодот, на следниот линк https://forms.office.com/e/nSwyyFQurX или едноставномна меилот: teamsolaris2010@gmail.com.
За дополнителни информации контактирајте не на:
Ваш СК ” Соларис” – Струга

