Во четврток, на 22 мај 2025 година, во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи заедничка изложба на стружанките Јованка Миса и Ивана Стојанова.
Две уметнички, два различни сензибилитети, една заедничка цел – преку уметноста да го допрат она што зборовите не можат секогаш да го искажат.
Јованка Миса ќе се претстави со изложбата „Преобразби – кога зборовите добиваат боја“, визуелен дневник што ги претвора емоциите и мислите во бои и форми.
Ивана Стојанова ќе ја отвори својата приказна преку „Фрагменти на идентитетот“, истражување на себеоткривање, женскиот глас и културниот отпечаток.
Уметноста зборува тивко, но остава силен одек.
Со секоја нијанса, секој потег, се раѓа нова енергија.
Оваа изложба не е само визуелно доживување, туку патување низ внатрешниот свет на две жени што се изразуваат со срцето.
Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер исполнета со инспирација, чувства и креативност. Поддржете ги уметниците и дозволете им нивните дела да зборуваат со вас.