Филмови кои не смеете да ги пропуштите

The Father

Со Ентони Хопкинс во главната улога, филмот премногу реално покажува како изгледа животот на лицата со деменција.Она што го прави уникатен е тоа што дејството го гледаме од перспективата на ликот кој се соочува со болеста – неговите блиски изгледаат како потполно други луѓе, а конфузијата што ја чувствува ќе ја почувствувате и самите.

Cruella

Веројатно никогаш не би помислиле дека ќе имате сочувство и емпатија за злобната Круела де Вил, но овој филм ќе ви го промени мислењето.Ема Стоун ја глуми Круела, а филмот прикажува како од наивна девојка, се претворила во суровата дизајнерка што ни е позната на сите.

Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings

Иако е инспириран од ликовите на Марвел, филмот нема допирна точка со бројните други филмови од оваа франшиза. И, за многумина е еден од најзабавните и најдобрите.

Главниот лик е Шанг-Чи, експерт за боречки вештини кој во минатото бил вплеткан во мрачна организација позната како Ten Rings.Но, присилен е да го остави мирниот живот зад себе откако повторно се соочува со организацијата.

No Time to Die

Во најновото продолжение од Џејмс Бонд, познатиот агент веќе се откажал од професијата и пробува да ужива во нормалниот живот.

Но, неговиот мир е нарушен кога стар пријател од ЦИА очајно му бара помош.

Даниел Крег ја репризира улогата, а покрај него ги гледаме и Рами Малек, Ана де Армас и Леа Сејду.

Soul

Нека не ве залажува фактот што станува збор за анимиран филм – Soul ќе ве натера одново да се вљубите во животот, но и ќе ве мотивира да ги следите најлудите цели.

Главниот лик е џез музичар кој кратко откако добива можност да свири со негов идол, паѓа во шахта и умира.Во „задгробниот живот“, очајно пробува да најде начин да се врати.

Mulan

Адаптацијата на добропознатиот цртан филм Mulan е навистина забавна.Приказната е генерално иста – Мулан оди во војска наместо нејзиниот татко кој се движи со бастун.Но, доколку ја фатат, може да биде убиена, и тоа од нејзините сограѓани.

 

 

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*