Џудо Федерацијата на Македонија со голем успех на Европското првенство за кадети
На последниот ден од Европското Првенство за Кадети во Софија, Бугарија, Џудо Федерацијата на Македонија, предводена од претседателот Владимир Трпаноски, ја имаше честа да учествува на церемонијата на свеченото предавање на знамето. Знамето му беше врачено лично од потпретседателот на Европската Џудо Унија, г-дин Кнајтингер.
Скопје – Домаќин на Европското првенство за кадети 2025
По успешната организација на Европскиот Куп за Јуниори 2023, Европската Џудо Унија изрази задоволство што токму главниот град на Македонија, Скопје, ќе биде домаќин на наредното Европско Првенство за Кадети во 2025 година. Истакнаа дека Скопје е совршено место за сите европски спортисти.
Историски момент за Македонија
Претседателот Трпаноски го изрази своето задоволство и истакна дека ова е историски настан за Македонија, кој ќе има голем придонес за целокупниот развој на џудо спортот во нашата земја.