Фуриозен старт за ЏК “Дрим” Струга – 22 медали во еден викенд!
Дома › Локални › Фуриозен старт за ЏК “Дрим” Струга – 22 медали во еден викенд!
Фуриозен старт за ЏК “Дрим” Струга – 22 медали во еден викенд!
17/February/2025admin No Comments 23 ViewsShare on
Џудо клубот “Дрим” Струга 🥋 го започна новата сезона за 2025 година со неверојатен успех, освојувајќи вкупно 22 медали на два меѓународни натпревари во еден викенд!
На 15 и 16 февруари 2025 година, клубот настапи на престижниот меѓународен турнир “Дробета Куп” во Романија 🇷🇴 со шест џудисти, освојувајќи 3 медали🏅. Паралелно, на турнирот “Аминдео” во Грција 🇬🇷, 19 наши џудисти постигнаа неверојатен 100% учинок, освојувајќи 19 медали🏅.
Овој извонреден резултат уште еднаш докажува дека џудото во Струга е на највисоко ниво, а ЏК “Дрим” е еден од најуспешните спортски колективи во регионот, кој постојано го оправдува својот врвен квалитет! 🏆
🏅Освојувачи на медали:
Р. Грција 🇬🇷 (Аминдео)
🥇 Златни медали:
Мелани Јакуповска
Џан Џемаилоски
Ѓорѓи Јулоски
Божидар Коцев
Ивона Мојсова
Еда Салоски
Елеонора Јосифоска
🥈 Сребрен медал:
Енил Ајдиноски
🥉 Бронзени медали:
Сергеј Блажески
Ајлин Бајрамоска
Ненад Костоски
Михаил Недески
Лука Трца
Мунир Ајдиноски
Матеј Димитроски
Катерина Клењоска
Софија Ноческа
Дарио Стојанов
Мила Стојанова
Р. Романија 🇷🇴 (Дробета Куп)
🥇 Златен медал:
Анамарија Стојмиловска
🥉 Бронзени медали:
Амар Бајрамоски
Давид Спироски
Без пласман:
Јован Наумоски
Драгица Рафтоска
Даниел Јосифовски
ЏК “Дрим” Струга им го честита овој неверојатен успех на своите џудисти и продолжува со посветена работа за нови победи!