Џудо клубот од Струга и овојпат ја продолжува низата со големите успеси.
На новогодишниот турнир „Ivo Reya Kup“ во Цеље, Р. Словенија повторно на висина на задачата. Настапија седум натпреварувачи и освоија шест медали, од кои еден златен, четири сребрени и еден бронзен медал.
1. Амар Бајрамоски – златен медал
2. Катерина Клењоска – сребрен медал
3. Мила Стојмиловска – сребрен медал
4. Давид Спироски – сребрен медал
5. Мишела Јаулевска – сребрен медал
6. Елеонора Јосифоска – бронзен медал
7. Драгица Рафтоска – петто место.
Целиот тим на Џудо Клуб Дрим Струга упатува голема благодарност до Субија Тајроски за неговата гостопримливост што придонесе нивниот престој во Р. Словенија да биде незаборавен.
На младите џудисти од клубот „Дрим“ од Струга им го честитаме успехот и посакуваме да продолжат да демонстрираат врвни спортски вештини и да бидат пример за идните генерации.