На 15-ти јуни 2024 година, Џудо Клуб “Дрим” Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Gjilani OPEN” во Косово. Џудо Клуб “Дрим” Струга се претстави со шест натпреварувачи и оствари 100% учинок, освојувајќи медали во сите категории во кои учествуваа.
Со медал се закитија:
- Мила Стојмиловска – злато (44 кг)
- Драган Антониевски – сребро (42 кг)
- Катерина Клењоска – сребро (36 кг)
- Давид Спироски – бронза (46 кг)
- Елеонора Јосифоска – бронза (40 кг)
- Јован Наумоски – бронза (50 кг)
Честитки за сите натпреварувачи и за тренерскиот тим на Џудо Клуб “Дрим” Струга за нивниот извонреден успех и посветеност!