Tимот на Соларис на завршна конференција на проектот „Ориентирање со нуркање“ во Сакарја, Турција

Во периодот 27-30.08.2024 г. тимот на Соларис учествуваше на завршната конференција и завршниот меѓународен настан од проектот Ориентирање со нуркање (Orienteering with Snorkeling) ко-финасаиран од Европската Унија во Сакарја, Турција.

  • Проектот имаше за цел да ја унапреди социјалната култура на инклузија на децата со физички попречености низ обединувачката моќ на спортот.
  • На завршната конференција партнерските организации ги презентираа спроведените активности, предизвиците и резултатите од нив. Родителите, тренерите и децата ги споделија своите искуства и го изразија своето задоволство: создадени нови другарства, научена нова активност, научено зедништво.
  • Во Кефкен се одржа меѓународниот настан по ориентирање со нуркање на кој парови на деца со и без физички попречености од партнерските држави Македонија, Бугарија и Турција изнаоѓаа предмети по зададената мапа во вода.

За покажаните вештини, совладаните бариери и покажаното другарство беа наградени со диплома, медал и сувенир. Впрочем, несомнено е дека сите се шампиони!


 

 

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*