Во античка Грција, Сократ бил познат по тоа што знаењето го ценел многу високо. Еден ден, познатиот филозоф сретнал еден познаник, кој му рекол:
– Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?
– Само момент – го запрел Сократ. – Пред да ми кажеш нешто, би сакал да направиш краток тест. Неговото име е „Тест со три ситa“.
– Тест со три сита?
– Така е – продолжил Сократ. – Пред да ми зборуваш за мојот пријател, можеби би било добро да размислиш што сакаш да ми кажеш и да ги поминеш твоите зборови низ посебни сита. Затоа се нарекува „Тест со три сита“.
– Првото сито е ситото на вистината. Дали си апсолутно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?
– Не – одговорил човекот, всушност, само што слушнав и …
– Добро – рекол Сократ. – Значи не знаеш со сигурност дали е вистина или не. Ајде да пробаме со друго сито – ситото на добрина. Дали сакаш да ми кажеш нешто добро за мојот пријател?
– Не, токму спротивното…
– Значи, продолжи Сократ, сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не знаеш дали е вистина. Но, сепак можете да го направите тестот, имате уште едно сито на располагање, сито на употребливост. Дали тоа што би сакал да ми го кажеш за мојот пријател ќе ми биде од корист?
– Всушност, не!
– Значи – заклучил Сократ, ако сакаш да ми кажеш нешто што не знаеш дали е вистина, не е добро или корисно, зошто воопшто би морал да ми кажеш нешто?
Мораме да внимаваме отровот што го произведува нашиот јазик да не нè убие…