Спортот нè обединува – Илинден Спортски Фестивал!

Во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга, како и со учество на сите други спортски клубови, спортисти, ентузијасти, професионалци и аматери, со поддршка и помош од Црвен крст – Струга, и пред сѐ, со сесрдната и несебична помош на нашите спонзори, помагачи и пријатели, на 2 август 2024 година ќе биде организирано третото издание на Спортскиот фестивал Илинден 2024.

Концептот на спортските активности за третото издание на фестивалот опфаќа организација на разни спортски натпреварувања на вода:

    • Трки во кајак
    • Трки во СУП штици
    • Трки во пливање
    • Такла
    • и многу други забавни атракции и активности на вода

    Отворена пријавата за учество на Спортскиот фестивал Илинден.

    Почитувани натпреварувачи,
    Спортскиот фестивал Илинден постои за Вас. Трета година создаваме посебна приказна за Струга и тоа заедно.
    Апликацијата која стои пред Вас е начинот да го пријавите Вашето учество на фестивалот. Согласно овогодинешните правила тоа може да го направите во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла. Пропозициите за учество ќе бидат објавени на официјалната фејсбук страна на фестивалот, последователно на оваа апликација.

    • Датумот и локацијата на натпреварувањата е добро познат. Сепак потсетување!
      Ден: 02.08.2024 година
    • Локација: Кеј на река на Црн Дрим (паркот кај Тинекс)
    • Пријавувањето се одвива во периодот од 01. 07. 2024 г. до 25. 07. 2024 г. или до пополнување на бројот по натпреварувачка дисцилина.

    Не размислувајте многу. Пријавете се веднаш!

    https://era.mk

    Leave a Comment

    Your email address will not be published. Required fields are marked *

    *
    *