
Првиот состанок на проектот Волонтирај и покрај хендикепот ( ВоБеХа ) одржан во Истанбул
Почетен состанок на проектот „Волонтирај и покрај хендикепот“ (Volunteering Beyond Handicaps(VoBeHa) ) одржан во Истанбул
Истанбул, Турција – 27 Февруари, 2025 г. – Почетниот состанок на проектот од програмата Еразмус+Спорт, „Волонтирај и покрај хендикепот“ (Volunteering Beyond Handicaps (VoBeHa)) се одржа во Истанбул, означувајќи го почетокот на една инспиративна идеја насочена кон зајакнување на младите лица со попреченост, на возраст од 18-30 години, преку волонтерски активности на спортски настани. На состанокот учествуваа проектните партнери: Заедницата на спортови на Дубровник (Хрватска), Спортскиот клуб Каргенч од Сакарја (Турција) и Спортскиот клуб Соларис од Струга (Македонија), чиј работен фокус е насочен кон поголема инклузија и пристапност во спортот.
Проектот ВоБеХа, ко – финансиран од Европската Унија, ќе создаде нови можности за младите лица со попреченост преку волонтирање на спортски настани. Проектот, исто така, ќе ги подобри вештините на спортските клубови за обука на овие волонтери. Општо земено, проектот ќе промовира градење на организациски капацитети, подигнување на свеста во заедницата и споделување на најдобри практики меѓу проектните партнери. Тоа ќе значи сензибилизрање на општеството дека овие млади лица имаат способности и можат значајно да придонесат во него.
За време на состанокот, партнерите ги дискутираа проектните цели, временската динамика за негова реализација, како активности кои ги очекуваат. Исто така, партнерите ги усогласија очекувањата, ги распределелија меѓусебните одговорности и ги дефинираа стратегиите за вклучување на младите лица со попреченост во спортско волонтерските искуства.
„Нашата мисија е да ги надминеме бариерите и да создадеме поразновидна волонтерска заедница од која ќе имаат корист и поединците и самата заедница“ – изјавија од Спортскиот клуб Соларис. „Поттикнувајќи ги младите луѓе со попреченост кон активно учество, уверени сме дека проектот ќе има трајно општествено влијание, посебно во спортскиот сектор“.
Следни активности кои се очекуваат со проектот се развој на модул за обука на волонтери со попреченост, потоа организација на обуки за тие волонтери и учество на локални, регионални и национални спортски настани каде инклузивното волонтерство ќе се промовира, и тоа првенствено во Македонија и Турција.
Проектот ќе го има својот завршен збор во Дубровник на познатиот атлетски полумаратон Du Motion 2026, со учество на волонтерски тимови од лица со попреченост од трите држави Хрватска, Турција и Македонија, именувани како амбасадори на спортското волонтерство.
Стоиме на располагање за прашања, интервјуа и понатамошни информации за проектот и неговите активности!
Со почит,
СРК Соларис – Струга
e-mail: teamsolaris2010@gmail.com
тел:
078 241 418 или 071 341 623