„Правете добро и надевајте се на добро,за да најдете добро“

Вистинска приказна за великодушност и љубезност.

Флеминг е неговото име,бил сиромашен шкотски селанец. Еден ден додека работел во полето за да може неговото семејство да преживее, слушнал крик за помош од блиското мочуриште.

Го фрлил алатот и истрчал до мочуриштето. Таму, видел преплашено момче кое пропаднало во црната кал до појас,врескајќи се борело да излезе од мочуриштето.Тогаш селанецот Флеминг го спасил од сигурна смрт.

Следниот ден елегантно облечен благородник пристигнал со кочија во дворот на селанецот.Излегол од кочијата и се претставил како татко на момчето што го спасил селанецот.

– Сакам да ти платам, рекол благородникот. Го спаси од сигурна смрт мојот син!

– Не, не можам да земам пари за тоа што го направив, рекол шкотскиот селанец и ја одбил понудата.

Сосема случајно на вратата се појавил синот на селанецот.

Дали е ова вашиот син? – го прашал благородникот.

-Да! -Да! – гордо одговорил селанецот.

– Тогаш дозволете ми да му овозможам да се образува исто како и мојот син. Ако дечкото е како неговиот татко, тој несомнено ќе израсне во човек со кој двајцата би можеле да се гордееме.

Така и било.

Синот на селанецот Флеминг ги посетувал најдобрите училишта и дипломирал на медицинското училиште „Св. Марија“ во Лондон и станал познат во светот како Сер Александар Флеминг, пронаоѓач на пеницилинот.По многу години, синот на благородникот, кој бил спасен од мочуриштето, се разболел од туберкулоза.

И што го спасило тогаш? Пеницилинот!

Затоа,правете добро и надевајте се на добро,за да најдете добро.

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*