Дома › Локални › Повторно успешен викенд за ЏК „Дрим“ Струга!
Повторно успешен викенд за ЏК „Дрим“ Струга!
24/February/2025admin No Comments 26 ViewsShare on
На 23.02.2025, нашиот клуб учествуваше на Државното првенство за помлади пионери/ки и јуниори/ки, одржано во Вевчани, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка од ЏК „Дрим“ Струга.
Со гордост истакнуваме дека настапивме со 27 џудисти, од кои дури 17 се вратија со медали – 6 златни, 1 сребрен и 10 бронзени.
🥇 Златни медалисти:
Анамарија Стојмиловска
Елеонора Јосифоска
Катерина Клењоска
Мила Стојанова
Мелани Јакуповска
Давид Спироски
🥈 Сребрен медалист:
Ненад Костоски
🥉 Бронзени медалисти:
Мартина Салви
Елиф Тала
Божидар Јулоски
Лука Трца
Сергеј Калајџиески
Енил Ајдиноски
Мунир Ајдиноски
Амар Бајрамоски
Славјан Чатарошкоски
Ајлин Бајрамоска
Честитки за сите наши џудисти кои успеаја да се искачат на пиедесталот, како и за оние кои покажаа борбен дух и храброст, но овојпат останаа без медал.
Продолжуваме посилни, помотивирани и уште похрабри кон нови успеси!