Панамериканскиот автопат поврзува два континента – две Америки, од Алјаска до Аргентина.
Во 1889 година, на Првата меѓународна конференција на американските држави, САД предложија поврзување со своите соседи низ целиот континент. Идејата беше одобрена на шестата конференција одржана во 1928 година во Куба.
Панамериканскиот автопат е мрежа од патишта со вкупна должина од 48.000 километри, има само еден прекин од 90 километри, кој се нарекува Дариен јаз помеѓу Панама и Колумбија (мочуришта) и Панамскиот канал. Автопатот минува низ дури 14 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Мексико, Перу, Аргентина, Ел Салвадор, Никарагва, Гватемала, Хондурас, Костарика, Панама, Колумбија, Еквадор и Чиле. Ова е најдолгиот пат на светот за моторни возила што поврзува два континенти – две Америки, од Алјаска до Ушуаја во Аргентина. Патувањето на овој начин, покрај совршениот пејзаж, на патникот му нуди и наизменични културни и етнолошки искуства.
Овој автопат е наведен во Гинисовата книга на рекорди.