Македонските веслачи заминуваат за Турција – Балкански предизвик на повидок

Најдобрите македонски веслачи се подготвени за претстојниот Балкански шампионат во веслање, кој ќе се одржи на 14 и 15 септември 2024 година во Едрене, Турција. Македонија ќе ја претставуваат Климентина Стојмиловска и Ана Прентоска во женска конкуренција, како и Кристијан Китаноски, Леон Шутиноски, Александар Хиохи и Вања Кукунеш во машка конкуренција. Сите натпреварувачи се членови на веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга.

Тимот ќе биде предводен од тренерите Владимир Голабоски и Никола Мариноски, заедно со претседателот на Веслачката федерација на Македонија, Др. Здравко Голабоски. На шампионатот ќе учествуваат и репрезентациите на Турција, Романија, Грција, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Им посакуваме на нашите веслачи многу среќа и успех во Едрене!

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*