Како овошната торта му помогнала на Имон де Валера да избега од затворот Линколн
Имон де Валера (Éamon de Valera) бил еден од највлијателните државници во Ирска. Но, неговата политичка дејност не била единственото нешто што ќе му придонесе за да се најде во историските книги. Пред 100 години, тој бил и мозокот на смело затворско бегство со торта.
Идниот претседател на Ирска вежбал во дворот во затворот Линколн кога го забележал неговиот пат кон слободата – врата, која водела кон надвор.
Во тој момент го смислил наједноставниот план – да направи клуч и да избега.
Во 1918 година, додека Британците се обидувале да ја дискредитираат партијата на де Валера и нејзиниот воен огранок, Ирската републиканска армија (ИРА), политичарот де Валера и 72 други водечки ирски националисти биле уапсени под обвинение за заговор со Германија.
Де Валера бил испратен во затворот Линколн, импозантна зграда источно од центарот на градот, отворена во 1872 година и во својата 46-годишна историја немало ниту едно бегство.
Откако ја забележал вратата во дворот за вежбање, следниот чекор на де Валера бил да најде клуч.
Неговото католичко потекло му овозможило да служи и помага на капеланот во затворот, каде што го забележал комплетот клучеви на капеланот. Затвореникот направил печат од клуч на парче восок што го собрал од свеќите во капелата.
Следниот проблем со кој се соочил де Валера и неговите колеги револуционери бил како да го пренесат до ИРА, бидејќи нивните писма биле прегледувани од затворските чувари.
Тие смислиле трик да ги испратат димензиите преку разгледница.
Друг затвореникот кој се покажал на висина на задачата, нацртал цртеж на пијан човек кој се обидува да вметне голем клуч во малата клучалка на нешто што изгледаше како безопасна божиќна честитка. Затворските чувари биле измамени.
Сликата испратена до неговите соработници, всушност, била копија на впечатокот што го оставил Де Валера.
Реплика на клучот била маскирана ви бижиќна честитка испратена од затвор
Однадвор, клучот бил исечен на димензиите на картичката и прошверцуван во затворот во торта.
Новиот момент и проблем бил како клучот да се внесе во затворот. За тоа икористиле нивни човек кој се преставил како комерцијален патник и требало да ја пренесе тортата до затворот во која бил клучот со зададените димензии.
Трикот сепак не успеал, бидејќи клучот не одговарал на бравата. Де Валера испратил втор цртеж. И вториот клуч бил прошверцуван во затворот во друга торта.
Но и овој обид не успеал, па направиле уште една – „овошна торта“, но овојпат содржела празен клуч и кој можел да се обликува и да одговара на бравата.
3 февруари 1919 година, де Валера, и уште двајца други затвореници успеале да ги отворат вратите на ќелиите и да ги заклучат зад нив. Полека групата се оддалечувала од затворот и тие пристигнала до пабот Адам и Ева, каде што чекало такси за да ги однесе затворениците до договорената дестинација и секако слободата. Во моментот кога било откриено нивното бегство, околу 21.30 часот, тие веќе биле пристигнати во безбедна куќа во Манчестер.
Пабот Адам & Ева
Подоцна де Валера раскажувал дека бил подготвен да ја заклучи вратата од портата во дворот за вежбање и никогаш и никој нема да дознаел како избегале, но неговите другари го повикале да побрза да си замине од затворот.
Де Валера и неговите помагачи за бегството од затворот
Она што е многу интересно е тоа што внукот на де Валера, Ејмон О Куив, го опишал како бегство на Енди Дуфрен во филмот од 1994 година „Бегство од Шошенг“
Во филмската адаптација на новелата на Стивен Кинг, Енди Дуфрен, кој го игра Тим Робинс, помина 19 години тунелувајќи низ неговиот ќелија ѕид
По неговото бегство, де Валера се вратил во Ирска каде што на состанокот на Даблин бил именуван за претседател. До моментот на неговата смрт во август 1975 година, на 92-годишна возраст, тој три пати бил избран за премиер и бил претседател на Ирска од 1959 до 1973 година.
Еамон де Валера
На неговиот погреб имало повеќе од 200.000, искористувајќи ја приликата да му оддадат почит на човекот кој им помогнал да се ослободат од британската власт.