Шато д'Иф

Европски Алкатраз

Европски Алкатраз е затвор во Медитеранот од кој никој никогаш не успеал да побегне.

Шато д’Иф е поранешниот француски остров – затвор, кој многумина сè уште го нарекуваат европски Алкатраз. Станува збор за минијатурен остров кој се простира на 0,03 квадратни километри во залив кој е оддалечен 3,5 километри од старото пристаниште во Марсеј, а на кој доминира тврдина на три ката.

 

Шато д’Иф (Chateau d’If) бил изграден на почетокот на 16 век од францускиот крал Франциско I за да го заштити брегот од инвазија, но и да ја скрие новата флота галеони од љубопитните очи. Поради утврдувањето на самиот остров, но и безмилосните морски струи околу него, се покажало како идеално место за затвор.

Од 1580 до 1871 година, некои од најопасните криминалци во тоа време овде ја отслужувале својата казна, како и верски и политички затвореници кои се спротивставувале на сегашната власт. Богатите криминалци подмитувале чувари за да им дадат сопствена ќелија, раскошни оброци и други поволности. Сиромашните, пак, умирале од глад и болести во занданите без дневна светлина.

 

Но, Шато д’Иф стана глобално популарен дури откако Александар Думас го спомнал во неговиот познат роман Грофот Монте Кристо од 1844 година. Иако протагонистот Едмонт Дантес успешно бега од овој затвор по 14 години затвор, во реалноста не е забележан ниту еден успешен случај на бегство од Шато д’Иф.

Големата популарност на романот придонесе за распуштање на затворот и отворање на островот за јавноста во 1890 година. Оттогаш, станува главна туристичка атракција што ја посетуваат гости од целиот свет. Од Марсеј можете да купите билет за брод кој оди директно до Шато д’Иф..

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*