Стартува „Deep Breath“ – нов меѓународен спортски проект за инклузија и личен развој

Започна меѓународниот спортски проект „Deep Breath„ кој ќе се спроведува во Македонија, Полска и Турција

Проектот Deep Breath  е официјално одобрен и финансиран од  Извршната агенција за образование и култура на Европската унија (EACEA) во рамките на програмата Еразмус + Спорт. Овој мултипартнерски проект со целосен наслов „Земи длабок здив исполнет со спорт и надеж“ официјално започна на 1 октомври 2025 година и ќе се реализира во период од две години преку конзорциум од четири организации од Полска, Македонија и Турција.

Координатор на проектот е Здружението за едукација на социјално исклучени лица „Бусолаод Полска, а партнери се Спортскиот клуб „Соларис“ (Македонија), Спортскиот клуб при Средното спортско училиште „Буча Ататурк“ (Турција) и Здружението за култура, уметност и млади „Нова (Турција). Активностите на проектот ќе се спроведуваат во Плоцк (Полска), Струга (Македонија), Чанаккале и Измир (Турција).

Deep Breath претставува мало партнерство од програмата Еразмус + Спорт, насочено кон поддршка на лица со различни животни предизвици. Преку вклучување во структуриран спортски процес, проектот поттикнува социјална инклузија, здрав животен стил и личен развој, а истовремено ги зајакнува вештините и капацитетите на тренерите кои работаат со оваа ранлива група.

Проектот ќе се спроведува во две фази. Во првата фаза, тренерите ќе поминат низ специјализирана обука со цел да ги унапредат своите професионални квалификаци во насока на социолошко – психолошките карактеристики при комуникација со лица од  ранливи категории.

Во втората фаза, обучените тренери директно ќе спроведуваат спортски активности прилагодени на потребите на целната група.

Покрај тоа, проектот Deep Breath промовира еколошка одржливост и дигитална трансформација преку поттикнување на спортските организации да применуваат зелени практики и да ја зголемат дигиталната достапност.

Очекуваните резултати вклучуваат: подобрени компетенции кај тренерите, поголема  вклученост и личен развој на лицата од ранливи категории во спорт, зајакната соработка меѓу спортскиот, образовниот и социјалниот сектор, подигнување на свеста за спортот како алатка за позитивна промена.

Проектот, исто така, ќе придонесе кон активностите на Европската недела на спортот, локалните кампањи за подигнување на свеста и меѓународните мрежи на соработка, осигурувајќи дека неговото влијание ќе продолжи и по завршувањето на спроведувањето.

Со почит,

СРК Соларис – Струга

e-mail: teamsolaris2010@gmail.com     

https://era.mk