Со особена чест и задоволство, ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – истурени паралелки во Струга, ве поканува на свечен јубилеен концерт по повод 20 години успешно работење и развој.
📅 Датум: 29 април 2026 (среда) 🕖 Време: 19:00 часот 📍 Локација: Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга
Во текот на изминатите две децении, училиштето прерасна во значаен центар за музичко образование, создавајќи бројни млади таленти кои денес своето образование го продолжуваат на престижни универзитети и се истакнати уметници.
🎼 Ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и врвни настапи на учениците и професорите.
✨ Вашето присуство ќе ни претставува особена чест!