Tимот на Соларис на завршна конференција на проектот „Ориентирање со нуркање“ во Сакарја, Турција
Дома › Македонија › Tимот на Соларис на завршна конференција на проектот „Ориентирање со нуркање“ во Сакарја, Турција
Tимот на Соларис на завршна конференција на проектот „Ориентирање со нуркање“ во Сакарја, Турција
18/September/2024admin No Comments 216 ViewsShare on
Во периодот 27-30.08.2024 г. тимот на Соларис учествуваше на завршната конференција и завршниот меѓународен настан од проектот Ориентирање со нуркање (Orienteering with Snorkeling) ко-финасаиран од Европската Унија во Сакарја, Турција.
Проектот имаше за цел да ја унапреди социјалната култура на инклузија на децата со физички попречености низ обединувачката моќ на спортот.
На завршната конференција партнерските организации ги презентираа спроведените активности, предизвиците и резултатите од нив. Родителите, тренерите и децата ги споделија своите искуства и го изразија своето задоволство: создадени нови другарства, научена нова активност, научено зедништво.
Во Кефкен се одржа меѓународниот настан по ориентирање со нуркање на кој парови на деца со и без физички попречености од партнерските држави Македонија, Бугарија и Турција изнаоѓаа предмети по зададената мапа во вода.
За покажаните вештини, совладаните бариери и покажаното другарство беа наградени со диплома, медал и сувенир. Впрочем, несомнено е дека сите се шампиони!