СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – За непосредна објава Спортскиот клуб Соларис со инклузивно волонтерство на спортските терени Струга, јануари 2026
По успешно реализираната обука за инклузивно волонтерство, тимот на Спортскиот клуб Соларис продолжи со имплементација на проектот *Volunteering Beyond Handicaps (VoBeHa) преку волонтерски активности активности на три спортски настани организирани на локално, национално и меѓународно ниво, во периодот од септември до декември.
Волонтерите на клубот беа одговорни и дел од волонтерската програма на градската трка Дрим Ран, Националното првенство во веслање на ергометри и отворениот ден Ориентирање со нуркање за деца организиран во пливачкиот базен.
Волонтерите на клубот беа одговорни и дел од волонтерската програма на градската трка Дрим Ран, Националното првенство во веслање на ергометри и отворениот ден Ориентирање со нуркање за деца организиран во пливачкиот базен.
Во рамки на проектот и во соработка со организаторите на самите спортските настани, волонтерите беа ангажирани во низа оперативни улоги, вклучувајќи освежителни станици, свечено доделување на медали, регистрациски пултови и официјален пулт за резултати. Овие активности им овозможија на волонтерите да стекнат практично искуство со активен придонес за непречена и инклузивна реализација на спортските настани.
Влијанието на активностите врз волонтерите беше видливо, бидејќи за поголемиот дел од учесниците ова беше нивно прво волонтерско искуство.
„Се чувствував прифатено како волонтер. Навистина сум среќен. Ова беше прв пат да волонтирам на спортски настани и за мене ова е голема искуство. Со нетрпение очекувам нови настани да волонтирам“ – изјави Тео, еден од волонтерите.
Коментирајќи ја важноста на овие активностите од клубот посочуваат:
„Инклузивното волонтерство не се однесува само на учество, туку на создавање средина во која секој човек се чувствува почитуван, поддржан и способен да придонесе. Преку овој проект, со гордост гледаме како волонтерите се вреднувани и активно се вклучуваат во спортски настани во заедницата. Овие искуства претставуваат силна основа за нивни ангажман на сите идни спортски настани кои во Струга се организираат“.
По спроведувањето на овие локални активности, клубот ќе продолжи и понатаму да ги зајакнува инклузивните практики во спортското волонтерство.
Проектот ќе заврши со меѓународно волонтерско искуство на маратонот DuMotion 2026 во Дубровник (Хрватска), по што ќе следи завршна конференција, на која партнерите, волонтерите и други засегнати страни како здруженија, локална самоуправа ќе се осврнат на резултатите од проектот и на поширокото значење на инклузивното волонтерство во спортот. Со поврзување на локалните активности со меѓународната соработка, проектот VoBeHa покажува како спортот може да биде моќна алатка за инклузија, вреднување на личноста и интензивирање на општествени промени.
Да потсетиме дека проектот „Volunteering Beyond Handicaps (VoBeHa)” е мал партнерски проект во рамки на програмата Еразмус + Спорт и е кофинансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Спортскиот клуб Соларис, Спортскиот клуб Каргенц од Сакарја (Турција) и Заедницата на спортови од Дубровник (Хрватска) како координатор.








