Жената со најголеми усни на Балканот

Андреа Иванова е 25-годишна девојка како никоја друга. Таа е жената со најголемите усни на Балканот, родена и израсната во градот Бургас, Бугарија. Редовно завршува на насловните страници на различни медиуми поради својот изглед. Андреа е вистински пример за жена која е опседната со естетски интервенции.

Инвестирала огромни пари и 43 козметички процедури за да го подобри својот изглед. И токму кога помисливте дека нејзините усни не можат да станат поголеми, таа неодамна додаде инјекции со хијалуронска киселина на јаготките, сето тоа во име на одржување на статусот „жена со најголеми усни“.

„Јас сум поинаква девојка со естравагантен изглед и ова е чудно за многу мажи“, изјави Андреа.

„Многу мажи ми пишуваат приватни пораки на социјалните мрежи и ми нудат состаноци, пари, патувања во нивните земји, што е одлично. Ме радува што има луѓе на кои им се допаѓам и го сакаат моето друштво и внимание“.

„Сепак, ќе бидам посреќна да ја запознаам љубовта на мојот живот, но не знам кога тоа ќе се случи“.
„Тешко е човек да ја најде својата сродна душа особено кога е поинаков како мене“.

Андреа отсекогаш сакала да биде ексцентрична и сакала различни појави.

„Не сакам здодевни обични појави и љубител сум на огромни форми и ексцентрични убавици“, изјави таа. “Природната убавина ми е здодевна, па решив радикално да го сменам изгледот. Сакав да се видам со драстичен изглед пред и потоа и имам уште многу промени пред мене бидејќи се уште не сум завршила со менувањето”.

 

 

Андреa пред естетска корекција

Андреа после естетска корекција

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*