Скок од мост

Сеќавање на еден таклаџија

Се сешча понапред ко дечишча, че се соберевне на мостон чаршиски и че и чекавне туристине да поминет, демек да се подсоберет.
 
Сите онака голи по купајчи од оние за пливајне ко гашчи, не ко овије сега, овије се куси пантоли. Сите накрепени на оградана од мостон демек се сунчаме, никој не скокат. И ко че видевне дек некој поминвит право на нас, че ѝ пушчевне помалине да скокет ласти аљ салта демек да им привлечет појче вниманије.
 
И така ѝ нам’мвевме да ни дојдет до нас. Некој од нив дури и ни помогвеја да се качиме на ограда мислејчи и није че скокаме салта. И тогаш ко че им викневне по една такла, ама онака сите наеднуш, ги праевне чишка, ко в река к’пени. Ак не ѝ нам’мевне пак да дојдет со ластите и салтата, еден че викнеше „Видите љујџе змија, вијте колка е!“ А ние сите чекавне на готвос кој на мост, кој на ограда качен.
 
Ја стално се качвев на ограда на средмост з’ш имаше една канделабра и се фашчав за нејзе за да се кача. На финтата со „змијата“ стално се фашчаја ко крапој, поготово туристине. Ељме ги праевме, чуљ до в гашчи. Пак не ни се љутеја мајчините, ретко че се погодеше по некој намчор ама појчето че се смееја ко зелени.
 
Еднуш се сешчам донесоја една неста за сликајне на мостон и нѐ видоја дек скокаме, тој сликарот нѐ викна и ни рече да скокниме по еднуш , демек да е напрајт сликата поинтересна. Ние такви ко него чекавне, срамота е стружанец да скокнит ласта за сликање. Ко му се фрливне со таклите, од долу с’де е видовне нестата чуљосана кеш плачит. Не збркаја некој од сватојте галиба беше, ама ние со норкање подрим и онаму ке Стара Стружанка излеговне. 
 
Така си ѝ врвевне денојте налето, такли скокавне до стемвење.
 
 

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*