kindness

Никогаш не знаеш што ќе се случи утре

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден кога ја завршила смената отишла до фрижидерот за да провери нешто и во истиот моментот вратата од фрижидерот се затворила и таа останала внатре заробена.

Иако силно викала за помош, никој не ја слушал, бидејќи сите веќе биле заминати дома. Фрижидерот бил изолиран и никој да не можел да го слушне нејзиното силно врескање дури и да е во близина. Лела останала сама и очајна во просторијата на многу ниска температура.

По неколку часа, девојката како да се збогувала со животот бидејќи веќе била скоро замрзната. Меѓутоа, во еден момент се појавил ноќниот чувар, ја отворил вратата и ја извлекол од фрижидерот.

Лела подоцна го прашала чуварот зошто дошол до фрижидерот и ја отворил вратата иако тоа никогаш не му била вообичаена рутина, a чуварот и објаснил:

„Работам овде 35 години. Секојдневно доаѓаат и си одат десетици вработени, но вие сте една од ретките личности кои ме поздравуваат секое утро и секоја вечер. Многу луѓе ме третираат како да не постојам.

Денес, кога дојдовте, ми рековте „Добро утро, како си“ и се насмевнавте. Но, по работното време сфатив дека не го слушнав вашето „Збогум, се гледаме утре“. Тие зборови ме потсетуваат дека јас сум личност. Знаев дека нешто ми недостасува и затоа почнав да ја разгледувам фабриката. Така ве најдов.

Поука: Однесувајте се со почит кон луѓето. И чуварот и чистачот се луѓе исто како тебе. Ценете ги луѓето кои знаат да разговараат со доктор на науки, но и да бидат љубезни кон некој кој во тој момент е на пониска позиција.

Никогаш не знаеш што ќе се случи утре.

https://era.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*